Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државите на ЕУ самостојно да одлучуваат за неодобрените вакцини од страна ЕМА

Државите на ЕУ самостојно да одлучуваат за неодобрените вакцини од страна ЕМА

Земјите од Европската унија самостојно ќе одлучуваат за признавање или непризнавање на сертификатите за вакцинација за Ковид-19 издадени во други држави, за вакцини кои не се одобрени од Европската агенција за лекови, се вели во соопштението од Европскиот парламент по преговорите со Советот на ЕУ, пренесува Спутник.

Според документот, земјите-членки мора да прифатат сертификати за вакцинација издадени во други земји-членки за лица имунизирани со вакцина која е одобрена за употреба во ЕУ од Европската агенција за лекови (ЕМА), а тоа моментално се: Фајзер/БиоНТек, Модерна, АстраЗенека и Јанцен на Џонсон и Џонсон.

Претходно, Европскиот парламент и Советот на ЕУ објавија дека постигнале прелиминарен договор за воведување на сертификати за корона вирусот во ЕУ. На 26. мај, договорот ќе го изгласа парламентарниот комитет за граѓански слободи, а за време на пленарната седница на 7-10 јуни ќе има последно гласање за одобрување на договорот. Документот може да стапи на сила на 1 јули.


Слично

Поврзани вести