Државите кои ја малтретираат Украина скапо ќе платат во иднина - на кого мисли Кулеба?
Украинските власти велат дека оние кои не ја поддржуваат Украина во овие тешки моменти во иднина ќе ја платат цената.
Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, вели дека државите кои ја малтретираа Украина ќе одговараат кога војната ќе заврши. Тој рече дека Киев ќе ги земе предвид одлуките на секоја земја од почетокот на инвазијата на Русија при донесувањето на идните одлуки, пишува Би-Би-Си. Кулеба предупреди дека одложувањето на испораката на оружје од Запад „ги чини Украинците животи“ и дека „кога една испорака се одложува за само еден ден, тоа значи дека некој ќе го загуби животот на фронтот“. Mинистерот објасни дека земјите кои не ја поддржуваат Украина сега, а го „малтретираа“ Киев за време на војната, „скапо ќе плаќаат во иднина“.
Западните држави силно се обединија во поддршка на Украина, но многу земји во Африка, Азија и Јужна Америка останаа настрана.
„Ако некој во светот мисли дека начинот на кој една земја се однесувала или како ја третирала Украина во најтемниот момент од нејзината историја нема да биде земен предвид при градењето на идните односи, тој едноставно не знае како функционира дипломатијата“, рече Кулеба.
За борбите околу украинскиот град Бахмут вели дека тоа е од големо значење бидејќи за Русија неговото освојување би значело отворен пат кон другите украински градови.
„Секоја војна завршува на преговарачка маса. Мојата цел како министер за надворешни работи е да се погрижам Украина да стигне на масата по решавачкиот успех на бојното поле“, рече Кулеба.
Осврнувајќи се на најавената посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, Кулеба рече дека не мисли дека Пекинг е „подготвен да почне со вооружување на Русија“.
Полска ќе испорача борбени авиони на Украина, а истото ќе го стори и Словачка.
Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. Украина ги објавува лицата кои загинале на фронтот, а има и многу луѓе кои биле повредени, по што останаа инвалиди. Русија не го открива бројот на загинати.
foto facebook
