Државен удар ја „зовре“ атмосферата во Судан - на улиците имаше судири
Во Судан имаше државен удар. Воените сили утрината го упасиле премиерот Абдула Хамдок и други членови на преодната цивилна влада.
Неколку часа подоцна прогласија вонредна состојба. Во главниот град Картум имаше судири меѓу демонстрантите и војската. Протести избија во целата земја. Апсењата се случуваат по неколкунеделни тензии меѓу цивилните и воените лидери на Судан. Генералниот секретар на Арапската лига ги повика сите страни да се придржуваат до договорот за поделба на власта од август 2019 година.
Обединетите нации денеска го осудија воениот удар во Судан и повикаа на итно ослободување на вршителот на должноста премиер на земјата и другите членови на владата. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш истакна дека премиерот Абдала Хамдок и сите други официјални лица кои беа уапсени од суданските безбедносни сили рано утринава „мора веднаш да бидат ослободени”.
„Мора да има целосно почитување на уставната повелба за да се заштити тешко издејствуваната политичка транзиција”, напиша Гутереш.
Слично
