Економија, финансии, бизнис

Контакт

Држава оди во карантин - граѓаните да не одат подалеку од еден километар од домот

Држава оди во карантин - граѓаните да не одат подалеку од еден километар од домот

Продолжува националниот карантин во Израел до крајот на месецот. 

Ограничени се и движењата на луѓето на повеќе од 1 километар од домот. Владата го продолжи националниот карантин за да се спречи ширењето на коронавирусот. Одлуката е донесена откако во државата се регистрирани рекордни 10.021 случај на инфекција дневно, јави ДПА. Тековниот карантин, трет по ред, требаше да заврши во петокот.  Училиштата и градинките се затворени, трговските центри се затворени, а рестораните можат само да доставуваат храна. На луѓето не им е дозволено да ги посетуваат домовите на други луѓе кои не се дел од нивното семејство.  Кампања за вакцинација против коронавирусот е во тек во Израел. Досега 2,2 милиони луѓе се вакцинирани. 

Повеќе од 4.000 луѓе починаа од вирусот во Израел. 

Слично

Поврзани вести