Економија, финансии, бизнис

Контакт

Држава од Пацификот го повлече признавањето на Косово

Држава од Пацификот го повлече признавањето на Косово


Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ ја покажа официјалната нота од Папуа Нова Гвинеја како доказ дека го повлекла признавањето на независноста на Косово, јавуваат српските медиуми и додаде дека досега вкупно шест држави го повлекле признавањето на протекторатот.

„Многу често со потценување се однесуваме кон тие земји, зборуваме дека се мали и неважни. Како беа важни кога го признаваа Косово, а сега кога го повлекуваат не се важни... ова е голем успех за нашата држава“, кажа Дачиќ.

Тој истакна дека Србија ќе продолжи со таа работа без оглед на притисоците со кои се соочува.

„Не се бориме ние против Приштина, знаете против кого се бориме, нивните ментори и заштитници кои, веднаш штом ќе добиеме ваква нота, очекувам дека ќе отпатуваат во Папуа за да видат дали навистина се повлекле. Затоа и ние мора да се бориме на сите страни“, кажа Дачиќ.

„Имаме ноти од шест држави со кои го повлекуваат признавањето на Косово како независна држава и ќе ги почитуваат резултатите, преговорите и договорите на дијалогот во Брисел“, истакна Дачиќ.


Слично

Поврзани вести