Економија, финансии, бизнис

Контакт

Држава го менува својот главен град, затоа што актуелниот тоне и е загаден

Држава го менува својот главен град, затоа што актуелниот тоне и е загаден

Индонезија ќе си го смени главниот град. 

Оваа држава главниот град го сели од Јава на Борнео. Во избраната област има мали ризици од појава на поплави, земјотреси, цунами и вулкански ерупции. 

Главниот град ќе биде преместен од пренатрупаната, загадена Џакарта, која тоне, во провинцијата Источен Калимантан.

Претседателот Јоко Видодо на прес-конференција денеска изјави дека одлуката да се одбере провинцијата на индонезиската страна на островот Борнео, кој го делат со Малезија и Брунеите, поминала низ детални студии. Тој рече дека идеална локација за новиот главен град е шумската област на границата меѓу регионите Пенаџам Пасер и Кутаи Кертанегара, пренесува АП.

„Локацијата е стратегиски избрана, таа е во центарот на Индонезија“, рече Јоко.

Џакарта е растечка метропола од 10 милиони луѓе, а трипати повеќе луѓе живеат во нејзината поширока област.

Предлог-законот за новиот главен град ќе биде одобрен утре. 

Слично

Поврзани вести