Економија, финансии, бизнис

Контакт

Другарката на Иванка трета по ред директорка за комуникации на Трамп

Другарката на Иванка трета по ред директорка за комуникации на Трамп

Младата Хоуп Хикс која ја водеше кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи е новата директорка на комуникации во Белата куќа и е трета по ред на оваа одговорна функција откако претходно за многу кратко време беа отпуштени Ентони Скарамучи и Шон Спајсер.

Хоуп е повеќе позната како блиска другарка на Иванка Трамп, но и многу верен член на најтесниот тим околу Доналд Трамп па токму затоа и ја доби довербата да ги претставува неговите ставови и политики пред новинарите во Белата куќа и секако пред американската јавноста.

Поранешната манекенка ја следи глас дека е голем бранител на имиџот на Трамп. Пред да дојде на новата позиција во Белата куќа работела како советник на Иванка, ќерката на Трамп, а работела и како портпарол на кампањата на Трамп, што била нејзина прва работа во политиката.


Слично

Поврзани вести