Дрски разбојници го ограбиле принцот на улица – му украле четврт милион долари!
Колоната возила која следела саудиски принц низ Париз била нападната од крадци вооружени со калашникови. Тие од принцот украле 250.000 евра во кеш, како и многу чувствителни документи, објави француската полиција.
Колоната возила се движела низ северните предградија на француската метропола, од саудиската Амбасада кон аеродромот. Напаѓачите успеале да влезат во еден од автомобилите, во кој имало тројца патници. Откако ги зеле парите, ги пуштиле патниците, а автомобилот го запалиле.
Во нападот немало повредени, а полицијата уште трага по извршителите за кои се сомнева дека точно ја знаеле маршрутата на колоната во која се движел саудискиот принц.
Во информацијата нема повеќе детали за кој саудиски принц станува збор, но Париз е една од омилените дестинации за кралската династија на Саудиска Арабија. Принцот Алвалид бин Талал ал-Сауд има значителен имот таму, вклучувајќи го и забавниот парк Евродизни, европска копија на Дизниленд.
Слично
