Дронови му прават проблеми на аеродромот во Дубаи
Аеродромските власти во Дубаи мораа привремено да ги стопираат сите летови поради провокација со беспилотни летала. Во вчерашниот инцидент меѓународниот аеродром во Дубаи беше затворен 30 минути што е скапоцено време со оглед на огромниот авионски сообраќај за патници и товар.

Од аеродромот во Дубаи повторно предупредија има забрана за летање на дронови на одалеченост од 5 километри на било која писта. Властите ќе истражуваат зошто толку често доаѓа до провокации со дронови кои причинуваат голем застој и економски загуби.
Слично
