Дрон со експлозиви ја нападна резиденцијата на ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими
Дрон со експлозиви ја нападна резиденцијата на ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими во Багдад, но тој не е повреден во обидот за атентат.
Нападот во кој се повредени неколку членови на личната заштита на Кадими, се случи откако имаше насилни протестите во ирачкиот главен град поради резултатот од општите избори минатиот месец. Над 100 луѓе беа повредени за време на насилните судири со безбедносните сили оваа недела.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Стејт департментот на САД го осуди нападот како акт на тероризам и понуди помош во истрагата.
Ал-Кадими, поранешен шеф на разузнавањето, положи заклетва на функцијата во мај лани.
(Фото: Гети)
Слично
