Дрон е соборен над зградата на владата во Полска, Туск соопшти дека има уапсени
Беспилотно летало е соборено над зградата на владата во Полска.
„Безбедносните служби неутрализираа дрон што леташе над владини згради во центарот на Варшава, а двајца државјани на Белорусија беа уапсени“, објави вечерва полскиот премиер Доналд Туск.
Белведере е една од официјалните резиденции на полскиот претседател.
Пред неколку дена руските дронови влегоа во полскиот воздушен простор.
Слично
