Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Dreamliner“ повторно ќе лета

„Dreamliner“ повторно ќе лета
Крај на забраната за летање на авионите на „Boeing 787 Dreamliner“ издаде Сојузната управа за воздушен сообраќај, која беше одредена од 16-ти јануари,  поради сериозните проблеми кои ги имаа овие летала со акумулаторите. Авиокомпаниите кои имаат „Boeing 787“ во своите флоти мораат на главните и помошните акумулатори да вградат систем за изолација, се со цел да се избегне можен краток спој или прегревање на акумулаторите. Треба да се заменат и самите акумулатори и нивните полњачи, што според проценките на „Boeing“ тој процес ќе трае пет дена по авион. Овие промени се однесуваат само на авионите кои се регистрирани во САД, но од „FAA“ очекуваат дека управите за воздушен сообраќај во другите земји ќе превземат еднакви мерки.
Слично

Поврзани вести