Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драстичен пад на вредноста на eBay – за еден ден поевтини за 4 милијарди долари

Драстичен пад на вредноста на eBay – за еден ден поевтини за 4 милијарди долари
Американската корпорација eBay, сопственик на најголемиот светски аукциски сајт, даде песимистичка прогноза за растот на онлајн купувањето. И покрај зголемување на нето добивката на “иБеј“ во третото тримесечие на оваа година од 15,4 отсто на годишно ниво или на 689 милиони долари, акциите на корпорацијата поевтинија по затворањето на тргувањето за 5,7 отсто. Капитализацијата пак, падна за 4 милијарди долари, пренесе Ројтерс. Темпотот на раст е забавено од 16 во вториот квартал, на 13 отсто во третиот, а ни во октомври нема подобрување, истакнал финансискиот директор Боб Свон. Во последните три месеци од оваа година корпорацијата очекува приход од 4,5 до 4,6 милијарди долаари.
Слично

Поврзани вести