Како Трамп ги „сруши“ акциите на Amazon
Вредноста на акциите на светскиот онлајн дистрибутер Амазон денеска падна за неверојатни 52 милијарди долари, односно за 4.38%.
Ова следуваше откако Белата куќа го отвори прашањето за даночната стапка која ја плаќа компанијата на Џеф Безос.
Претседателот Доналд Трамп се консултирал со своите советници за можноста да се воведат специјални даночни стапки против Амазон поради негативниот ефект кој оваа компанија го има врз помалите продавници, пишува порталот Аксиос.
Сето тоа веднаш предизвика пад на акциите на Амазон, кој дојде непосредно по падот на вредноста на Фејсбук, предизвикана од серијата обвинувања дека оваа компанија соработувала со фирмата Кембриџ Аналитика која работела за предизборната кампања на Трамп.
Слично
