Драми низ Франција: Ден на буркина во аквапарк
„Ден на буркина" е настан кој предизвика драми во Марсеј.
Организатор е женска асоцијација која дејствува во сиромашните северни квартови на францускиот град. За таа цел таа најде аквапарк и има намера да одржи манифестација на 10 септември.
Тогаш посетителките на аквапаркот треба да дојдат облечени со буркина - костим за капење кој го прикрива телото од градите до колената. На Денот на буркина во аквапаркот ќе биде дозволен влез само на момчиња до 10 години.
„Ќе се радувам ако луѓето почнат да бидат отворени кон такви работи. Не разбирам како ги одвраќа другите ако едноставно сме облечени од нив"- вели Нисрин Сама, учителка која носи буркина на плажа.
Градоначалникот на предградието Пен-Мирабо, во кое се наоѓа аквапаркот, најави дека ќе преземе чекори за забрана на настанот, со образложение дека тоа може да доведе до проблеми со јавниот ред. Според него, организирање на ваква манифестација може да се смета за провокација во овој контекст. Претставници на социјалистите исто побараа поништување на Денот на буркина.
„Нашата религија бара одредена скромност во однос на самоувереност на женското тело. Нашите костуми сепак најчесто се пречекуваат со намуртени лица во јавните базени. Сега се обидуваат да ни забранат приватно собирање. Ова е многу тажно"- смета Нисрин.
Во училиштата и во државните установи во земјата е забрането носење исламски превез.
