Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАМАТИЧНО ВИДЕО: Семејствата на патниците во малезискиот авион веста ја добиле со СМС порака

ДРАМАТИЧНО ВИДЕО: Семејствата на патниците во малезискиот авион веста ја добиле со СМС порака
По повеќе од две недели исчекување и контроверзни информации, семејствата на патниците во малезискиот авион Боинг 777-200 во шок ја примија веста дека авионот се урнал во Индискиот Океан. Информацијата ја добиле на СМС порака, а дури потоа со нив се сретнал малезискиот премиер Наџиб Разак. Според последните сателитски снимки, надлежните објавија дека веќе нема простор за никакво сомнение - авионот од летот МХ370 се урнал среде Индискиот Океан, нема преживеани меѓу 239-те патници и членови на екипажот. Светските медиуми објавуваат трогателни видео снимки од реакциите на семејствата во хотелот Лидо во Куала Лумпур, каде што им била соопштена шокантната вест. http://www.youtube.com/watch?v=ZBA95a5Fw5M Но, она што дополнително ги вознемирило е фактот дека информацијата ја добиле преку СМС порака од авиокомпанијата со текст: „Малезија Ерлајнс со жалење ве информира дека мораме надвор од секакво основано сомнение да потврдиме дека летот МХ370 е изгубен, како и дека никој не преживеал“. Најмладиот патник во малезискиот авион имал само две, а најстариот - 76 години.
Слично

Поврзани вести