Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАМАТИЧНО ВИДЕО: Како се рушеа згради во Измир - неверување, извици, болка и немир во прашината

ДРАМАТИЧНО ВИДЕО: Како се рушеа згради во Измир - неверување, извици, болка и немир во прашината

Најмалку 22 лица загинаа во Турција и Грција кога силен земјотрес од над 7 степени според Рихтер го погоди Егејското Море вчера попладне. Поради потресот се рушеа згради во градот Измир, а беше предизвикано и „мини цунами“.

Официјални лица соопштија дека 20 лица загинале во крајбрежните области на западот на Турција, додека двајца тинејџери - момче и девојче - починаа на грчкиот остров Самос.

Во Турција, уништени се најмалку 20 згради само во градот Измир. Сликите покажуваат возила смачкани под зградите и луѓе кои копаат низ урнатините во потрага по преживеани.

Најмалку 786 лица се повредени во Турција, соопшти агенцијата за катастрофи на земјата. Десетици беа спасени од спасувачките екипи кои користеа копачи и хеликоптери за да бараат преживеани.

Регистрирани се вкупно 196 последователни потреси, од кои 23 биле со магнитуда од 4,0 степени, додава агенцијата. Активностите за пребарување и спасување продолжуваат во 17 згради, од кои четири се урнаа.

И македонските политичари, но и светски лидери изразуваат жалење за настанот и сочувство за загинатите и трагедијата. Драматично видео покажува колкава несрeќа ги снајде. 



Слично

Поврзани вести