Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драматично расте бројот на заразени во Москва

Драматично расте бројот на заразени во Москва

Во Москва има драматичен пораст на заразени, а се оперираат само вакцинирани. Во Москва процентот на вакцинирани е околу 15 отсто. Болниците се полни, а вакцинацијата на вработените е задолжителна.

Расте бројот на заразени со коронавирус во Русија. Регистрираат и повеќе од 13 илјади заболени дневно, а повеќе од една третина се во Москва. Следните денови се прогласени за неработни. 

Оние кои чекаат операција или други неургентни медицински процедури ќе мора да бидат вакцинирани, а во болница ќе бидат примени со сертификат кој докажува дека имаат примено вакцина. Само 10 отсто од Русите ги примиле двете дози. Во Москва е забележан најголем број на новозаразени досега, со 9.056 позитивни тестови за 24 часа. Воведен е полициски час со кој се забранува работа по 23 часот.

Слично

Поврзани вести