Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАМАТИЧНИ СНИМКИ - Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, облакодер се урна за неколку секунди

ДРАМАТИЧНИ СНИМКИ - Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, облакодер се урна за неколку секунди

Силен земјотрес го погоди утрово Мјанмар, а бил почуствуван и во Тајланд и Кина. Како што јавуваат светските медиуми повикуваќи се на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, но набрзо следел уште еден силен потрес од 6,4 степени според Рихтер.

Британските медиуми јавија дека епицентарот на потресот бил во близина на градот Мандалеј, на длабочина од 10 километри, а се случил утринава во 6 часот и 20 минути.

Засега нема информации за евентуални жртви.

Првата снимка доаѓа од Мјанмар, од градот Мандалеј, во чија близина беше епицентарот на разорните земјотреси. Се известува дека се урнале бројни згради.

Мост во градот Сагаинг, регионот Сагаинг, беше целосно уништен во земјотресот. Камерите го снимија моментот кога мостот се урна.


Потресите беа почувствувани и во Бангкок, каде стотици луѓе излегоа на улиците.

Зградите се треселе, поради што многу луѓе биле евакуирани од нив, а една зграда во изградба била целосно урната.

Бангкок има 17 милиони жители, од кои многу живеат во високи згради

Според Associated Press (AP), на социјалните мрежи кружи драматично видео на кое се гледа повеќекатна зграда со кран на врвот како се урива во облак од прашина.


Полицијата за АП изјави дека биле испратени на местото на несреќата во близина на популарниот пазар Чатучак во Бангкок, но дека моментално немаат информации колку работници имало на градилиштето во моментот на уривањето.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како луѓето бегаат од зградите во Бангкок и се собираат на улиците. Во Бангкок можеше да се види и вода како тече како водопад од базен на покривот на облакодер.

Новинарите на АФП во Најчидо рекоа дека патиштата се отвориле од силината на земјотресот, а делови од таваните на куќите паѓале.


Фото: Принтскрин/Јутуб

Слично

Поврзани вести