Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драмата за вакцините продолжува: ЕУ испрати инспекција во фабриката на АстраЗенека во Белгија

Драмата за вакцините продолжува: ЕУ испрати инспекција во фабриката на АстраЗенека во Белгија

Белгиските регулатори започнаа истрага во фабриката за вакцини на „АстраЗенека“ близу Брисел. Истрагата ја побара Европската комисија во моментот на ескалација на спорот околу недостигот на вакцини во Европската унија, пишува Гардијан.

Првата посета на официјалните претставници на белгиската Федерална агенција за лекови заврши вчера во фабриката во градот Сенефе, во провинцијата Хаинау, соопшти Министерството за здравство во Белгија. Земени се примероци и евиденција од фабриката, а во наредните денови се очекува понатамошен преглед на објектот.

Истрагата беше побарана од извршното тело на ЕУ поради сомнежи во образложението на АстраЗенека за очекуваниот недостиг на испораки на вакцини во ЕУ.

Англо-шведската компанија објави дека во првиот квартал ќе може да испорача на земјите-членки на ЕУ само околу 25 проценти од договорените 100 милиони дози поради проблеми во белгиската фабрика, чија сопственост е француската компанија Новасеп. Вакцината АстраЗенека се очекува да биде одобрена од Европската агенција за лекови во петок.

Европската комисија засега не се огласи и не потврди дека побарала истрага и зошто.

Белгиските власти соопштија дека сега ќе ги „анализираат наодите“ во соработка со експерти од Холандија, Италија, Шпанија и други земји.

Портпарол на белгиското Министерство за здравство изјави дека инспекцијата во фабриката „АстраЗенека“ во Сенефе е извршена со цел со сигурност да се утврди дека доцнењето во испораката „навистина се должи на проблеми со производството во белгиската фабрика“. Како што додаде таа, истрагата се спроведува во „целосна транспарентност“.

Инспекцијата се носи во врска со вчерашниот состанок во Брисел. Шефот на „АстраЗенека“, Паскал Сорио, одлучи само да дојде на состанокот во вечерните часови, а претходно истиот ден се појавија вести дека компанијата нема да испрати никого на состанок со претставници на ЕУ затоа што „нема што да се додаде“.

Освен што рекоа дека „ќе се обидат да одржат контакти со цел да обезбедат навреме испорака на вакцини“, тие не можеа да дадат никакви нови информации за разговорите во седиштето на ЕК.

Слично

Поврзани вести