Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драмата на запалениот брод продолжува – загина уште еден патник

Драмата на запалениот брод продолжува – загина уште еден патник
Повеќе од 24 часа трае спасувачката акција на грчките и италијанските спасувачки служби кои се обидуваат да го извлечат и последниот патник од бродот Норман Атлантик кој пловејќи кон Италија се запали по што изби силен пожар ставајќи ги под знак прашалник животите на 169 патници. Спасувачките акции се одвиваа во текот на целата ноќ и се уште се во тек, се додека не биде извлечен и последниот патник. Се уште е непозната судбината на тројца македонски патници, мрѓу кои и едно дете. Спасувањето на настраданите е отежнато и поради лошите временски услови кои не дозволуваат акциите да се одвиваат по воден пат па спасувачките екипи приморани се да му пристапат на запалениот брод само од воздух, односно со хеликоптери. Во текот на изминатата ноќ уште еден патник го загуби животот, додека се обидувал да се спаси заедно со неговата сопруга, која успеала да ја избегне смртта и да се спаси. Според првичните информации станува збор за грчки државјанин. Информациите на светските медиуми говорат и дека најмалку четири лица се повредени. Несреќата на Норман Атлантик настана откако пред еден ден на бродот избувна силен пожар, додека крстарел од Патра преку Игуменица кон Анкона. Причините за пожарот не се познати.
Слично

Поврзани вести