Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драма во Норвешка - Четири лица избодени со нож

Драма во Норвешка - Четири лица избодени со нож

Најмалку четири лица, од кои едно потешко, се повредени во напад со нож во Нумедал во југоисточна Норвешка, пишува српски „Телеграф“ повикувајќи се на соопштение од локалната полиција.

Според изјави објавени во медиумите, дојавата за нападот полицијата ја добила околу 8:45 часот по локално време. Очевидец тврди дека на лице место имало неколку амбулантни возила и три хеликоптери.

На местото на настанот биле повикани и пожарникари, чиј шеф тврди дека полицијата во меѓувреме успеала да го совлада напаѓачот.

- Успеаја да го фатат, имаат контрола над него. Тоа е се што знам засега - изјави шефот на противпожарната служба.

Слично

Поврзани вести