ДРАМА ВО ЛОНДОН - Кан прогласи вонредна состојба поради преполнетите болници, на улиците масовни протести за ковид потврдите
Градоначалникот на Лондон Садик Кан денеска објави вонредна состојба за да им помогне на болниците во градот да се справат со зголемениот број пациенти со Ковид-19 поради варијантата Омикрон, која брзо се шири.
Лондон регистрираше 65.525 нови случаи на коронавирус во последните седум дена, од кои 26.418 во последните 24 часа.
Во меѓувреме, илјадници луѓе излегоа на нов протест против ковид-потврдите или таканаречени „ковид-пасоши“. Потврдите беа усвоени во долниот дом на британскиот Парламент оваа недела, како мерка за стиумулација на граѓаните да се вакцинираат. Дел од демонстрантите се судрија со полицијата.
Слично
