ДРАМА ВО ЈАПОНСКОТО МОРЕ: Северна Кореја задржа руска јахта
Северна Кореја ја задржа руската јахта Каталекса, и посадата од три члена на североистокот од земјата, додека руската амбасада повика на ослободување.
Портпаролот на дипломатската мисија во Пјонгјанг, Денис Самсонов рече дека ја повикале власта да ги ослободи луѓето од посадата.
Амбасадата изрази збунетост заради ставот на Министерството за надворешни работи, од каде кажаа дека јахтата ги нарушила границите на земјата.
Самсонов пак тврди дека јахтата е задржана на 80 км од брегот на земјата.
Според конвенцијата на ОН од 1982 година, можат да се приближат на 22.2 км од брегот.
Конзулот Чонгџин Јури Бокачев ќе се сретне со членовите на посадата.
Слично
