Драма со уште три брода со имигранти
Меѓународната организација за миграции (ИОМ) денеска соопшти дека нејзината канцеларија во Рим примила повик за помош од меѓународните води во Средоземното море дека три брода се наоѓаат во неволја.
ИОМ наведува дека човекот кој ја повикал рекол дека на неговиот брод се наоѓаат 300 луѓе, дека има околу 20мртви и дека бродот тоне.
Тој не дал информации за другите бродови.
ИОМ нема додатни детали, вклучувајќи ја информацијата за локацијата од која дошол повикот за помош.
Денеска исто така три лица загинаа , вклучувајќи и едно дете, кога се заглавил брод со мигранти кај грчкиот остров Родос во Егејското море.
Според зборовите грчката Крајбержна стража на дрвениот брод биле најмалку 83 лица но не е познат нивниот точен број.
Во ноќта помеѓу саботата и неделата во Средоземното море, близу либискиот брег, се превртел брод со, како што се верува 700 мигранти , и се стравува дека стотици загинале.
Според досегашните познати информации, извлечени се 24 тела, а 28 лица од тој брод се спасени,
Поради се почестите трагедии со мигрантите кои преку Медитеранот се обидуваат да дојдат до ЕУ, денеска е свикан итен заеднички состанок на министрите за внатрешни и надворешни работи на ЕУ, а мигрантите и состојбата во Либија се и главна тема на денешниот состанок на Советот за надворешни работи во Луксембург.
