Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАМА НАД ХАВАИТЕ, ТУРБУЛЕНЦИИ НА ЛЕТОТ ОД ФЕНИКС ДО ОСТРОВОТ: И 14-месечно бебе е дел од тешко повредените

ДРАМА НАД ХАВАИТЕ, ТУРБУЛЕНЦИИ НА ЛЕТОТ ОД ФЕНИКС ДО ОСТРОВОТ: И 14-месечно бебе е дел од тешко повредените

Во силни турбуленции на летот од Феникс до Хаваи тешко се повредени 11 лица, меѓу кои и едно 14-месечно дете.

Авионот со 278 патници и 10 членови на екипажот бил на само 30 минути од слетувањето во Хонолулу кога влегол во зона на турбулентен воздушен сообраќај.

Од авионот, Ербас А330, 36 лица веднаш биле испратени на медицинска нега по слетувањето. Според првичните информации од локалните власти, некои од нив се здобиле со тешки повреди на главата, набиеници, исекотини и губење на свеста. Дваесет лица се во болница, а состојбата на 11 е тешка, според извештаите. Најмладото повредено е 14-месечно бебе. Меѓу повредените има и тројца членови на екипажот.

Според Националната метеоролошка служба на САД, низ Хаваите се движел силен студен фронт, кој донел ветрови, бури, силен дожд и поплави. Меѓутоа, неколку часа пред инцидентот, метеоролошките служби издале предупредување за невреме, токму во областа каде што се одвивала патеката на летот, пренесува Sky News.


Слично

Поврзани вести