Драма над Европа – авиони исчезнале од радар!
Неколку патнички авиони пред три дена исчезнале од радарите во воздухопловниот простор на Австрија, Чешка, Словачка и Германија. Причина за оваа драма е наводно воена вежба на НАТО во Унгарија, чија цел била попречување на авионските системи за комуникации.
Но, целата вежба на 25 минути го попречила и цивилниот авионски сообраќај - авиони исчезнувале од радарите, па контролорите на летови морале да користат „постаромодни“ методи и да стапат во контакт со пилотите.
Сепак од австриската контрола на летање тврдат дека ситуацијата не била опасна, како што се чини на прв поглед. Контролорите во секој момент знаеле кој авион во кој дел од воздушниот простор се наоѓа и во ниту еден момент не дошло до загрозување на безбедноста на патниците.
Слично
