ДРАМА НА НЕБОТО: Авион не слетал во Германија, изгубен контакт со пилотот
Помал авион кој летал од Шпанија за Германија не успеал да слета и контролата на летот изгубила контакт со авионот, јавуваат медиумите.
Последен пат е виден во шведскиот воздушен простор.
Не е познато колку луѓе имало во леталото.
Според првичните информации, се работи за приватен авион од Австрија, кој полетал од Шпанија и требало да лета за Келн. Но, од непознати причини не слетал и продолжил да лета во правец на север.
- Германската и данската контрола на летови, веднаш непрестано се обидувале да воспостават контакт, но безуспешно - наведуваат шведските власти.
Според последните податоци, авионот забрзано почнал да ја губи висината.
Слично
