Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ШАРЛ ДЕ ГОЛ: Полицијата застрела маж кој ги нападна со нож

ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ШАРЛ ДЕ ГОЛ: Полицијата застрела маж кој ги нападна со нож

На аеродромот Шарл де Гол полицијата застрела маж кој бил вооружен со нож, јавува BFMTV, повикувајќи се на неименуван извор.

Како што се наведува, на терминалот 2Ф полицијата неколку пати побарала од мажот да го фрли ножот, но тој не сакал да го стори тоа.

Кога почнал да се приближува до полицијата, тие отвориле оган кон него.

Според првичните информации, напаѓачот имал нож со кој замавнал кон патниците.

- Полицијата го неутрализираше лицето кое се закануваше со нож на аеродромот – соопштено е.

Пукањето се случило околу 08:20 часот по локално време.

Наводно станува збор за бездомник кој бил застрелан и ги тероризирал безбедносните и граничните полицајци, кои биле повикани да го отстранат од аеродромот.



Фото: Принскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести