Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драма на аеродром во Кина: Авион се запали при полетување, патниците и членовите на екипажот евакуирани (ВИДЕО)

Драма на аеродром во Кина: Авион се запали при полетување, патниците и членовите на екипажот евакуирани (ВИДЕО)

На аеродромот во Чонгкинг, Кина, се случи драма кога авион се запали при полетување. Кинескиот Тибет ерлајнс објави дека сите патници и членови на екипажот се евакуирани, пренесува Ројтерс.

Авиокомпанијата во соопштението додава дека меѓу 133 патници и членови на екипажот нема загинати и дека има само полеснo повредeни.


Кинеската управа за цивилно воздухопловство (CAAC) соопшти дека 36 лица добиле модринки и исчашувања при евакуацијата на летот ТВ9833 и дека биле испратени во локалните болници на прегледи.

Пилотите ги прекинаа полетувањата во согласност со процедурите откако доживеаа абнормалност, се вели во соопштението на CAAC, што доведе до гребнатини на моторот и пожар откако авионот излетал од пистата.


Плановите за итни случаи се активирани и инспекторите се упатиле на местото на настанот, додаваат од авиокомпанијата.


На социјалните мрежи се појавија непроверени видеа на кои наводно се гледа авион со црн чад, додека патниците и екипажот си заминуваат.

Аеродромот Чонгкинг соопшти дека пожарот во авионот избувнал во 8:09 часот по локално време.


Фото: Твитер Printscreen

Слично

Поврзани вести