ДРАМА КАЈ ЈУЖНА КОРЕЈА - Товарен брод од Хонг Конг потона за време на спасувачка операција (Фото)
Товарен брод регистриран во Хонг Конг, на кој имало 22 членови на екипажот, потона денеска во близина на јужнокорејскиот остров Џеџу, спасени се 14 лица, додека потрагата по останатите е во тек, соопшти крајбрежната стража.
Според соопштението, на бродот имало 14 Кинези и осум членови на екипажот од Мјанмар, а бродот за транспорт на дрва „Џин Тиан“ испратил сигнал за помош во 03:07 часот во меѓународни води на 148,2 километри југоисточно од градот Сеогвипо на островот Џеџу, јавува „Блиц.рс“.
Бродот бил целосно потопен кога персоналот на крајбрежната стража пристигнал на местото на настанот, објави Јонхап.
Крајбрежната стража спроведува заедничка потрага и спасување со јапонските колеги со пет патролни бродови и четири авиони.
Фото: KOREAN COAST GUARD / HANDOUT