Драконските мерки спасуваат животи во Европа: СЛОВЕНЕЧКИ ИНФЕКТОЛОГ
Најефикасни мерки во борбата против
пандемијата се социјалното дистанцирање и зголемувањето на капацитетот на вели словенечкиот
инфектолог Андреј Трампуж, кој е раководител во инфективната болница во Берлин.
Со најригорозните мерки за изолација и подобрување на медицинските капацитети во Европа, како што појаснува Трампуж, досега се спасени 60.000 животи.
-Не можеме цела Европа да ја ставиме во карантин, но мора да го намалиме пренесувањето од човек на човек, а ограничувањата ќе мораат да се заоструваат се додека вирусот се шири, изјави Трампуж.
Познатиот словенечки инфектолог, во интервјуто за весникот „Дело“, наведува дека потенцијалната вакцина за коронавирусот можеме да ја очекуваме до крајот на годинава или на почетокот на следната.
