Драги: Се враќа довербата во еврозоната
Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги за време на Европскиот банкарски конгрес во Франкфурт истакна дека дека дошло до „релативно враќање на довербата“ во иднината на еврозоната.
Според него враќањето на довербата е во еврото е оправдана по годината во која европската финансиска криза се интензивирала, а прогнозата за еврозоната станала „се полоша“.
Довербата е вратена за време на летото, кога ЕЦБ најави примена на новата програма позната под назив Директна монетарна трансакција (ОМТ). Во нејзините рамки Драги вети дека Банката ќе купува обврзници на презадолжените земји ако тие прво официјално побараат помош и се согласат на строгите услови.
Слично
