Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драги: Ништо ново околу негативните камати на депозитите

Драги: Ништо ново околу негативните камати на депозитите
Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ ), Марио Драги, денеска најави дека " нема вести " околу негативните камати на депозитите , што го поскапе еврото до врв за седницата, по гласините дека банката ќе ја намали каматата која ја плаќа на банките кои депонираат пари кај неа . Вчера Bloomberg News цитираше неименувани извори , спорт кои ЕЦБ размислува да ја намали каматата за банките кои депонираат пари во финансиската институција од нула на -0.1 % . Еврото поевтине по објавувањето на веста . Драги предупреди, медиумите да не си прават заклучоци од она што го изјавил во своето обраќање во Берлин. "Не се обидувајте да си правите заклучоци за веројатноста од негативни камати од она што сум го рекол , " изјави Драги за време на настан организиран од германското издание Sueddeutsche Zeitung . " Како што реков на прес-конференцијата , тоа беше разговарано на последната средба за монетарната политика , а оттогаш нема вести“.
Слично

Поврзани вести