Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драги: Кризата во еврозоната не е надмината, но јас сум оптимист

Драги: Кризата во еврозоната не е надмината, но јас сум оптимист
Кризата во еврозоната не е надмината, но има многу охрабрувачки признаци, изјави Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги во интервју за германски „Шпигел“, чиј најнов број ќе излезе во понеделник, пренесуваат француските медиуми, повикувајќи се на денеска објавени делови од интервјуто. Во Германија најмногу „имаше неоснован страв дека нештата одат на лошо. Многу пати можеше да се слушне: Господи, овој Италијанец ја уништува Германија“, дополни Драги, имајќи ја предвид антикризната политика на ЕЦБ, институцијата што тој ја предводи. На крајот на 2013 година, меѓутоа, „инфлацијата опадна, а несигурноста отстапи“, констатира Драги. Во исто време шефот на германската централна банка – „Бундесбанк“, Јенс Вајдман, ни од далеку не е толку голем оптимист, информираат француските медиуми.  
Слично

Поврзани вести