Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драги: Каматните стапки во Еврозоната ќе останат ниски

Драги: Каматните стапки во Еврозоната ќе останат ниски
Каматните стапки во Еврозоната остануваат ниски и можно е да продолжат да се намалуваат, бидејќи се уште постојат ризици кои се закануваат на монетарната унија, информира Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги. „Неодамнешните индикатори врз основа на направените анкети покажуваат дека се зголемува довербата. Toa ги потврди нашите очекувања дека ќе има стабилизирање на економската ситуација. Сепак, ризиците кои се закануваат на економската прогноза во Еврозоната продолжува да постојат “ - предупреди првиот човек на ЕЦБ. Меѓу ризиците кои се закануваат на Еврозоната се последните случувања на светскиот монетарен и финансиски пазар и неизвесностите кои го придружуваат и кои имаат потенцијал да влијаат негативно на економските услови, потенцира Драги.
Слично

Поврзани вести