Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марио Драги: И покрај притисокот, нема промена на курсот кај еврото

Марио Драги: И покрај притисокот, нема промена на курсот кај еврото

Притисокот што се врши на Европската централна банка во поглед на девизниот курс на еврото е несоодветен и нема да донесе ништо добро, истакна претседателот на ЕЦБ, Марио Драги.

„Во последно време многу луѓе го коментирале девизниот курс и таквите коментари се несоодветни“, изјави Драги и додаде дека таквите коментари не носат ништо добро и единствено ја зголемуваат конфузијата околу девизните курсеви.

Изјавата на Драги следи како одговор на францускиот претседател Франсоа Оланд кој изрази загриженост дека неодамнешното јакнење на еврото би можело да го загрози извозот на еврозоната.

Инаку еврото во изминатите три месеци зајакна за 20 отсто во однос на јенот, но според претседателот на ЕЦБ, светот е далеку од монетарна војна.

Слично

Поврзани вести