Драги: Франција мора да продолжи со штедењето и структурните реформи
Франција мора да продолжи со напорите да го намали државниот буџет и со стуктурните реформи, иако веќе доста направи во таа насока, изјави претседателот на Европската централна банка, Марио Драги.
- Во поглед на буџетската политика и структурните реформи Франција направи значителен напредок, но таа мора уште да работи во тој правец - изјави Драги на прес-конференцијата за новинарите.
Француската влада во нацрт-буџетот за 2014 година предвидува намалување на јавниот дефицит на 3,6 проценти од бруто домашниот производ (БДП), по забележаните 4,1 проценти од оваа година.
Претседателот на Француската централна банка, Кристијан Ноје, истакна дека реформите мора да продолжат со цел зголемување на потенцијалот на економскиот раст и контролирањето на јавните расходи.
Слично
