Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драги: Единствениот механизам за проблематичните банки да проработи во 2015 година

Драги: Единствениот механизам за проблематичните банки да проработи во 2015 година
Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ ) Марио Драги инсистира единствениот механизам за справување со проблематичните банки да проработи до 2015 година. „Единствениот механизам за проблематичните банки е клучен дел од банкарскиот сојуз на еврозоната и Европската централна банка инсистира тој да проработи до 2015 година " , коментира Драги за Ројтерс. ЕЦБ стравува поради недостаток на рамнотежа во идната европска банкарска унија , бидејќи централната банка ќе го преземе надзорот над финансиските институции во еврозоната , но без да има механизам за спасување или затворање на проблематичните банки . Политичарите не можат да се договорат кој дел од трошоците за справување со проблематичните банки треба да се преземе од даночните обврзници . Во застој се и плановите за третата фаза на банкарската унија - општата шема за гаранција на депозити . Денес ЕЦБ најави дека почнувајќи од следниот месец, ќе ги спроведе долгоочекуваните стрес тестови на 130 клучни банки од еврозоната , како и ќе побара да се посвети 8% од капиталот како резерва против можните загуби поради проблеми со активата . „ЕЦБ сака да преземе целосна одговорност за проценката , но не и за она што треба да се направи по приклучувањето. Тоа е задача на единствениот механизам за справување со проблематичните банки . Двете нешта треба да се разликуваат " , коментира Драги. Драги рече дека реконструкцијата на довербата во „здравјето" на европскиот финансиски систем е клучен за „кревкото" заздравување на економијата на Европа .
Слично

Поврзани вести