Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драги: Ако Велика Британија ја напушти ЕУ ќе биде лошо и за двете страни

Драги: Ако Велика Британија ја напушти ЕУ ќе биде лошо и за двете страни

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги се заложи за поголема соработка на Унијата со Велика Британија, истакнувајќи го својот став дека Унијата има потреба од Велика Британија.

Ако дојде до ескалација на политичките расправии во Велика Британија и државата ја напуши Унијата, ќе биде лошо и за двете страни, посочи Драги.

Овој гласно искажан став стигнува по предупредувањето на германскиот канцелар Ангела Меркел, која изјави дека Велика Британија би можела да ја напушти ЕУ. Во обраќањето во лондонскиот финансиски центар Сити, пртседателот на ЕЦБ ги повика европските земји да ги зголемат своите напори за усогласување на условите за создавање на банкарска унија во ЕУ.

Токму Велика Британија е една од земјите кои изразија загриженост од создавањето на банкарска унија и зголемената централизирана регулатива..

Слично

Поврзани вести