Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доживотен затвор за поранешниот началник на турската војска – „Ергенекон“ прогласена за терористичко здужение?!

Доживотен затвор за поранешниот началник на турската војска – „Ергенекон“ прогласена за терористичко здужение?!

Поранешниот началник на Генералштабот на Вооружените сили на Турција, Илкер Башбуг турскиот суд го осуди на доживотна затворска казна, под обвинение за учество во заговор за уривање на Владата на Реџеп Тајип Ердоган. Башбуг беше на чело со вооружените сили од 2008 до 2010 година и ги одбива обвиненијата против него.

Покрај 21 лице за кои беше донесена ослободителна пресуда, дел од 275 обвинети за планирање пуч добија затворски казни и до 20 години. Меѓу обвинетите има припадници на армијата, академци, новинари и активисти. Тајниот сојуз наречен „Ергенекон“ се обвинува дека планирал наводно насилно соборување на владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Опозицијата ја обвинува пак владата дека го злоупотребува случајот за пресметка со политичките противници

Процесот во судот во високо обезбедуваниот затвор Силиври западно од Истанбул се одржува под високи безбедносни мерки. Турските медиуми информираат дека полицијата во околината на судот употребила солзавец против демонстрантите, кои дошле таму и покрај забраната за собири. Силите за безбедност целосно ги затворија пристапните патишта кон Силиври. Воен хиликоптер го надлетува регионот. Властите го затворија воздушниот простор над Силиври до денеска вечер.

Турското државно обвинителство ја смета ултранационалистичката илегална група „Ергенекон“ за терористичко здружение. Оваа организација, според обвинувањата, се залагала за повторно воспотавување на големотурското царство. Името „Ергенекон“ е според долината од легендите, каде турските народи нашле прибежиште. Со децении националниот мит политички се инструментализира.

За „Ергенекон“ исто така постои сомневање дека се финансирал преку мафиашки зделки и трговија со дрога. Правосудните органи од 2007 година преземаат мерки против групата. Уапсени се повеќе од 400 лица. Мамутскиот процес, кој беше поттикнат поради пронаоѓање оружје во Истанбул трае веќе пет години.

Обвинтетите ги отфрлаат обвинувањата дека групата имала за цел соборување на владата на премиерот Ердоган.

.

Слично

Поврзани вести