Дожд од проектили врз Донецка, осум загинати
Украинските вооружени сили повеќе од 50 пати стрелале со гранати врз областите Донецк и Горловк, при што загинале осум лица, меѓу кои три деца, а 32 биле ранети, соопштило министерството за одбрана на самопрогласената Донецка Народна Република.
Како што пренесува агенцијата „Тасс“, во нападите загинале осум припадници на проруските сили.
Прес службата на министерството за одбрана соопштила дека силите на Донецката Народна Република подготвуваат да ги одбијат новите напади на украинската војска.
Двете деца кои биле убиени во текот на вчерашниот ден биле на возраст од седум и 16 години, а настрадале откако една ракета погодила куќа во градот Вулехирск на истокот во Украина, соопштила украинската војска.
Во истиот напад било повредено и едно деветгодишно девојче, се наведува во истото соопштение.
Украинските војници ја зазеле речиси целата територија на аеродромот во Донецк која ја изгубија поради жестоките напади на проруските сили минатата недела, пренесува „Ројтерс“.
Слично
