Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Дожд од евра“ ги изненади патниците на автопат во Германија

„Дожд од евра“ ги изненади патниците на автопат во Германија

Мажот кој заборавил да ја прибере актовката од кровот на својот автомобил предизвикал воодушевување на Божиќ на автопат на југот од Германија, кога банкнотите полетале и како дожд почнале да паѓаат врз автомобилите.

Откако запрел на бензинската пумпа, 60-годишниот маж од Велика Британија заборавил да ја земе од кров торбата со илјадници евра, соопштува полицијата.

Парите се разлетале низ сите ленти од автопатот, а веќе возачи очекувано ги запирале возилата за да соберат по некое евро.

Само мал дел од парите сопственикот ги добил назад, додваат од полицијата.

Слично

Поврзани вести