Економија, финансии, бизнис

Контакт

Dow затвори над 16 000 индексни поени за прв пат во својата историја

Dow затвори над 16 000 индексни поени за прв пат во својата историја
Американскиот индекс на сини чипови, Dow Jones, затвори над психолошката граница од 16 000 индексни поени за прв пат во историјата опоравувајќи ги загубите од претходните три дена . Податоците го посочиле бавното закрепнување на пазарот на трудот , ги зголемија очекувањата дека ФЕД ќе продолжи со својата програма на стимулации подолго од очекувањата . Индексот на сини чипови Dow Jones се зголеми со 100.17 поени, или 0,7 % , до ниво од 16 009.99 поени . Широкиот индекс Standard & Poor's 500 Index се зголеми со 14.48 поени, или 0,8 % , до ниво од 1 795.85 поени . Технолошкиот Nasdaq Composite Index се зголеми со 47.89 поени, или 1,22 % , до 3 969.16 поени . Финансиските акции го поведоа пазарот во првиот ден на раст по три последователни порази . "Сметам дека пазарот ќе биде во позитивно расположение во остатокот на годината" , смета Марго Пател , портфолио менаџер во Wells Capital Management , пренесува Bloomberg . Широките очекувања се дека на пазарот може дасе  регистрира корекција , поведена од однесувањата на ФЕД . Ограничувањето на стимулите сепак може да стартува без намалување на каматите, имајќи ги предвид слабите резултати на пазарот на трудот и ниската инфлација . Годишната инфлација е под ниво од 1 %, што е под целта на ФЕД за инфлација од 2% . Очекувањата дека ФЕД ќе го задржи нивото на каматите кај нивните сегашни ниски нивоа уште долго време иницира проширување на ширењето меѓу долгорочните и краткорочните американски долгови. Тоа ги фаворизира банките кои даваат заеми кај краткорочните каматни стапки и позајмуваат средства кај пониските долгорочни. Бројот на првичните молби за помош за невработеност во САД се намалија за повеќе од очекувањата во текот на изминатата недела , а производствените цени се намалени за втор последователен месец во октомври . По позитивните чувства во САД растот се шири и во Азија . Азиските индексиго  прекинаа тридневниот пад и регистрираа покачувања . Индексот следен од претставувањето во регионот, се зголеми за 0,2 % .
Слично

Поврзани вести