Dow Jones зајакна на 15.056 поени
По прв пат во историјата берзанскиот индекс Dow Jones во вторникот ја проби границата од 15.000 поени, а ново рекордно ниво на Wall Streat вчера оствари и S&P 500, што во голема мера се должи на неочекувано добрите економски вести од Германија.
Dow Jones зајакна за 0,58 отсто, на 15.056 поени, S&P 500 порасна за 0,52 отсто, на 1.625 поени, а Nasdaq индексот беше во плус за 0,11 отсто, на 3.396 поени.
Доброто расположени на берзата се должи на неочекувано силниот раст од 2,2 отсто на индустриските нарачки во Германија во март. Аналитичарите очекуваат пад на нарачките за 0,5 отсто, па овој податок ги поттикна надежите дека јакнењето на најголемата европска економија би можело да поттикне излегување на еврозоната од рецесија во вториот дел од годината.
Благодарение на овој податок, вчера пораснаа цените на акциите на девет од 10 сектори во индексот S&P 500, при што најголем добитник, со раст од 0,7 отсто, беше енергетскиот сектор.
По вчерашниот раст, индексот S&P 500 ја зголеми својата добивка од почетокот на годината а 14 отсто. Таквиот нагорен тренд, без значителни корекции на цените, се должи на многу лабавата монетарна политика на најголемите централни банки на светот, како и на солидните деловни резултати на компаниите.
Многу аналитичари очекуваат натамошен раст на берзите, но некои сметаат дека ќе уследи пад со оглед дека состојбата во светските економии не е сјајна, и покрај поттикнувачката монетарна политика, а нема нови вести кои би дале ветер во грбот.
Слично
