„Dow Jones“ со нов историски максимум
Индексот на Њујоршата берза „Dow Jones“ синоќа достигна ниво од 14.450,06 индексни поени, што претставува негова највисока вредност во историјата.
Оваа вредност на „Dow Jones“е за 2,77 индексни поени, односно за 0,02 отсто, повисока од неговото ниво на крајот на тргувањето во понеделникот.
Во исто време, индексот „Стандард и Пурс“ се намали за 3,47 индексни поени на 1.552,48 поени, што претставува негов дневен пад од 0,24 проценти. Ова ниво е за еден отсто повисоко од историскиот минимум на индексот „Стандард и Пурс“ остварен во 2007 година.
Пад забележа и индексот на електронското тргување НАСДАК, кој се намали за 0,32 отсто, оносно 10,55 индексни поени на 3,242,32 поени.
Слично
