Досие Сноуден: Поранешниот работник на ЦИА добива азил во Швајцарија?
Швајцарија наводно одлучила дека нема на САД да им го испорача поранешниот агент Едвард Сноуден доколку сведочи против американската Национална агенција за безбедност (NSА) во случаите на шпиунирање, јавуваат швајцарските медиуми, пренесува „Раша тудеј“.
Во документот „Законски чекори кои треба да се превземат ако Едвард Сноуден го доведат во Швајцарија а САД побара негова испорака“, швајцарскиот државен тужител наведува дека на Сноуден треба да му се гарантира безбедноста доколку сведочи, пишува „Zontags Cajtung“.
Конкретно, во тој документ се предлага на известувачот да му се загарантира безбедноста така што државата ќе го повика да биде сведок во парламенарното сослушување во случај на прислушкување кое го спроведувала американска NSA. Тужителот се повикува на член од уставот на Швајцарија во кој се наведува дека Швајцарија не мора да го испорача американскиот државјанин на САД доколку барањето е политички мотивирано, наведува швајцарската агенција АТС.
Швајцарија може да му даде азил на Сноуден ако судот одлучи дека обвинувањата против него имаат пред се „политички карактер“, се наведува во документот.
