ДОШОЛ КАКО ТУРИСТ И ОСТАНАЛ ВО ХАРКОВ: Јапонец отвори бесплатен ресторан
Трогнат од судбината на жителите на Украина, Јапонец отвори бесплатен ресторан во градот Харков.
75-годишниот Јапонец од Токио решил да остане меѓу нив. Со месеци, како што рече, живеел во метростаница во Харков, каде што доброволно им делел храна на луѓето. Пари собира од Јапонци по пат на интернет.
„Јуни, јули, август, септември, октомври, ноември, декември – седум месеци живеев под земја, во метростаница, спиејќи и јадејќи со многу други Украинци. „Фуми кафе“ опслужува околу 500 луѓе дневно“, рече Цучико.
Јапонецот ја посетил Украина како турист во февруари 2022 година. Јапонската амбасада му понудила да ја напушти државата, затоа што Русите подготвуваа инвазија. Тој отишол во полскиот главен град Варшава, но се вратил по два месеци. Го преживеал периодот додека градот беше под руска окупација, а потоа Украинците ја вратија контролата. Но, Русите и натаму го напаѓаат градот. Многу странци по пат на донации помагаат на украинскиот народ.
