Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доселеници на Западниот брег со камења нападнале американски конзули

Доселеници на Западниот брег со камења нападнале американски конзули
Еврејски доселеници ги нападнале претставниците на САД за време на посетата на Западниот брег со цел да го истражат тврдењето дека доселениците им предизвикале штети на палестинските земјоделци. Полицискиот портпарол Мики Розенфелд рекол дека доселениците почнале да фрлаат со камења врз американските претставници кој дошле во оваа област во близина на еврејската населба Ади Ад со две службени возила со цел да ги истражат тврдењата на палестинците дека доселениците еден ден претходно исекле десетици маслинови насади. Тој истакнал дека безбедносните сили им наредиле на конзуларните претставници да се вратат назад во своите возила откако доселениците почнале да фрлаат со камења. Веднаш потоа возилата се оддалечиле, додал Розенфед, истакнувајќи дека полицијата веднаш отпочнала истрага откако била поднесена и официјална тужба. Друг полициски портпарол, Луба Самри, истакнал дека американскиите сили за обезбедување на конзулите не користеле оружје додека траело каменувањето врз конзулите. Американскиот конзулат во Ерусалим не реагирал веднаш на овој инцидент. Доселениците често се проотивеа на надворешното мешање во нивните работи, но ова е прв физички напад врз конзуларни претставници. САД се најважен странски сојузник на еврејската држава кој и даваат помош од три милијарди долари годишно, а со тоа ги поддржува нејзините ставови на меѓународните форуми, и покрај постојаните критики.    
Слично

Поврзани вести