Досега загинаа 213 деца - најмногу жртви има во Доњецката област
Во руската инвазија во Украина досега загинаа 213 деца.
Најголем број жртви е регистриран во Доњецката област – 122, Киевската област – 114, регионот Харков – 91, регионот Чернихив – 66, регионот Херсон – 44, регионот Миколаев – 43, регионот Луганск – 37, регионот Запорожје – 27, регионот Суми – 17, градот Киев – 16, и регионот Житомир – 15. Голем е бројот и ја повредени деца.
„Повеќе од 602 деца настрадаа во Украина како резултат на вооружената агресија на Русија. Поточно, загинаа 213 деца, а повеќе од 389 се повредени. Овие бројки не се конечни, бидејќи се работи за областите на активни воени дејствија, на привремено окупираните и ослободените територии“, напиша на Телеграм прес-службата на Обвинителството, пренесува Укринформ.
Војната влегува во третиот месец. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин ја призна независноста на републиките Доњецк и Луганск. Русија бара воена неутралност на Украина, денацификација, и припојување на Крим, Доњецк и Луганск.
foto EPA\TOMS KALNINS
